вторник, 22 октомври 2024

Стејт департментот: Некои одредби од декларацијата на Србија и РС се продолжување на обидот да се дестабилизира БиХ

Американскиот Стејт департмент, по повод декларацијата усвоена на Сесрпскиот собир во Белград, оцени дека некои одредби во таа декларација се продолжување на обидот на Република Српска да го прекрши Дејтонскиот мировен договор и да ги дестабилизира Босна и Херцеговина и регионот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во реакцијата на Стејт департментот се наведува дека Соединетите Американски Држави веруваат дека иднината на сите земји од Западен Балкан е во Европската Унија во која регионалната соработка и добрососедските односи водат кон поголем мир, безбедност и просперитет за сите.

„Ги повикуваме политичките лидери во регионот подобро да ги искористат своите состаноци за промовирање на регионалната стабилност и помирувањето. Како што доследно јасно истакнувавме, цврсто ги поддржуваме суверенитетот, територијалниот интегритет и мултиетничкиот карактер на БиХ, чиј дел е Република Српска. Некои одредби од декларацијата се продолжување на обидите РС да го прекрши Дејтонскиот мировен договор и да ги дестабилизира БиХ и регионот“, се истакнува.

Се истакнува и дека САД го признаваат Косово како суверена, независна држава, како што тоа го прават од 2008 година.

Србија и Република Српска усвоија декларација со 49 заклучоци, во која, меѓу другото, се констатира дека српскиот народ претставува „единствена целина“, се наведува дека Дејтонскиот договор е „трајно и битно нарушен“ и се повикуваат сите меѓународни актери да се вратат на негово почитување. Се наведува дека територијата на Република Српска не може да биде отуѓена покрај уставот и законите на тој ентитет на БиХ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ