Македонија У21 немаше среќа во ждребката, за противници ги добивме Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија.
Првопласираните од деветте групи одат директно на ЕП заедно со најдобрата второпласирана селекција. Останатите второпласирани играат меѓусебен бараж за да пополнат уште четири места.
Мисијата за пласман на ЕП за Македонија ќе биде исклучително тешка, но Станиќ верува дека имаме квалитет да се носиме со сите селекции.
„Извлековме тешка група, покрај фаворитот Италија, од вториот и третиот шешир ги добивме најтешките противници Полска и Шведска. Во нашата група уште се и Црна Гора и Ерменија, репрезентации кои не се нималку наивни. Мора да размислуваме позитивно и да бидеме оптимисти. Претходно нагласив дека максимално верувам во оваа генерација. Можеме и имаме квалитет да и парираме на секоја репрезентација“, рече Станиќ по ждребката.
„Наредниот период се до почетокот на квалификациите во септември, треба да го искористиме на најдобар можен начин за да се подготвиме најдобро што можеме и самоуверено и храбро да го дочекаме почетокот на претстојните квалифкации. Битно е фудбалерите да веруваат во своите квалитети, да бидат максимално фокусирани на претстојните предизвици, а другото ќе дојде на свое место. Одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар, верувам дека нема да ги разочараме нашите фанови и љубителите на фудбалот во Македонија“.