Од ССМ и СИЕР денеска изразувајќи загриженост за состојбата во Еуроникел индустри од Кавадарци нагласија дека работниците не се информирани од раководството за тоа што ќе се случува со компанијата што е спротивно на работничките права и меѓународните трудови стандарди.
Работниците денеска одржаа протест пред компанијата со барање за исплата на заработените плати и со предупредување да не се гасат печките.