петок, 18 октомври 2024

Српскиот премиер за укинување на забраната за влез на српска роба на Косово: Најважно е редовното снабдување на Србите на КиМ

Претседателот на владата на Србија Милош Вучевиќ кажа дека со одлуката да ја укине забраната за влез на производи од Србија на пунктот Мердаре Приштина ја спуштила тензијата која постои подолго време, но дека е најважно Србите на Косово и Метохија да добијат редовно снабдување со храна, намирници и лекови.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучевиќ кажа дека би сакал таа одлука да не се однесува само на преминот Мердаре, но дека поддржува сè што е дел од релаксирањето на животот и обезбедувањето подобри услови за живот на српските граѓани, односно сè што придонесува Србите на КиМ да можат побезбедно и подобро да живеат и да имаат поуредна снабденост.

Тој додаде дека го интересира суштината, а тоа е дали граѓаните можат полесно да добијат сè што било сопрено со неодговорната политика на косовскиот премиер Аљбин Курти.

„Тоа е добар напор на германската страна која потенцираше нова фаза на ЦЕФТА договорот. Ние сме секогаш спремни за договори, не мислиме дека компромисите се лоша работа, особено ако тоа ќе создаде подобри услови за живот на Србите на КиМ“, кажа Вучевиќ.

„Очекувам тоа да биде тема на 14 октомври во Берлин на премиерскиот собир со канцеларот Олаф Шолц на десетгодишнината на Берлинскиот процес, па ќе зборуваме и за ЦЕФТА“, заклучи српскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ