вторник, 22 октомври 2024

Српскиот премиер: Лајчак знае дека нема да има напредок во дијалогот додека е Курти на власт

Претседателот на владата на Србија Милош Вучевиќ оцени дека нема да има напредок во дијалогот на Белград и Приштина сè додека на власт е косовскиот премиер Аљбин Курти и додаде дека и специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот Мирослав Лајчак е свесен за тоа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучевиќ за Блиц кажа дека го загрижува тоа што Западот му попушта на косовскиот премиер.

„Не гледам милиметар простор дека нешто ќе се смени во дијалогот додека Курти е на власт. Кога пред десетина дена разговарав со Мирослав Лајчак во Атина, видов дека и тие се свесни за тоа. Свесни се дека Курти сигурно нема да формира Заедница на српски општини. Мене ми делува дека Западот нема влијание врз Курти. Тие влеат дека вршат притисок, но ние не гледаме поместување“, кажа Вучевиќ.

Тој, коментирајќи ја изјавата на косовскиот министер Џељаљ Свечља дека претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе биде уапсен ако отиде на Косово, кажа дека „бандити не можат никогаш да уапсат претседател на една држава“.

„Ние имаме работа со некој кој не сака мир и кој сака етничко чистење на Србите на Косово и Метохија. Ако претседателот на Србија реши да ги посети, тоа ќе биде во координација со Кфор, Еулекс и сите институции со кои треба“, додаде српскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ