понеделник, 21 октомври 2024

Српски министер: Шест држави сакаа да го купат нашето оружје од почетокот на војната во Израел

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ вчера изјави дека Србија добила барање од шест земји за дополнително купување оружје и воена опрема од моментот на избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас, пренесува Нова.рс.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа ви покажува колкава е трката да се набави сѐ она што државите го сметаат за неопходно за да се гарантира нивната безбедност, но и да им се помогне на некои други држави. Сѐ зависи од тоа кој како води политика“, изјави Вучевиќ за телевизијата Пинк.

Инаку, Вучевиќ е во Кина со српската делегација каде треба да бидат потпишани неколку договори меѓу овие две земји.

Се очекува денес да се сретне со потпретседателот на Централната воена комисија на Кина, со кој треба да разговараат за нова соработка поврзана со воздушната одбрана и беспилотните летала. Вучевиќ најави дека клучна улога за понатамошната воена соработка меѓу двете земји ќе има средбата меѓу претседателот Александар Вучиќ и Си Џинпинг.

„Тоа се стратешки договори. Знаете дека повеќе не можеме да купуваме на рускиот пазар. Имаме проблем поради санкциите, војните, заканите… Затоа бараме да отвориме нови пазари, а имаме добро стратешко, традиционално пријателство со Кина“, истакна српскиот министер за одбрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ