понеделник, 24 февруари 2025

Српската полиција уапси неколку опозиционери

Основачот на новосадското движење „Солидарност“ Горан Јешиќ денеска е приведен, потврдил негов пријател за Нова.рс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Јешиќ на својот профил на Икс ја сподели веста дека го бара српската полиција.

Редакцијата на Нова.рс му се јавила на Јешиќ, но се јавил неговиот пријател и рекол дека основачот на движењето „Солидарност“ е приведен.

„Горан е приведен. Не знаеме зошто, дали е во прашање информативен разговор… Го приведоа пред 10 минути“, рекол тој.

Пратеничката на Партијата за правда и помирување Мариника Тепиќ на својот профил на мрежата Икс објави дека се приведени и Владимир Врсајков од таа партија и покраинскиот пратеник од НПС Пеѓа Драгојевиќ.

„Полицијата моментално апси опозиционери низ Нови Сад. Во тек е апсењето на советникот д-р Владимир Врсајков/ССП, кому утрово не му беше дозволено да присуствува на седницата, и покраинскиот пратеник Пеѓа Драгојевиќ/НПС. Претпоставуваме дека тој нема да биде единствениот… Јавувајте за сите луѓе… Ги приведоа и Срѓан Ѓуриќ/ПСГ, Брајан Брковиќ/Браво и Горан Јешиќ“, напиша Тепиќ на Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ