понеделник, 21 октомври 2024

Српската опозиција верува во победа на изборите во Белград

Српската опозиција е уверена дека на предвремените избори, распишани за 17 декември, може да победи во Белград, а со тоа и да ја наруши власта на владејачката Српска напредна партија (СНС) на државно ниво, што аналитичарите го гледаат како реална опција. Српскиот претседател Александар Вучиќ го распушти собранието на Србија и распиша предвремени избори за 17 декември, покрај локалните избори во Белград и уште 64 градови и општини.

Објавено на

часот

Сподели

Кандидатот на листата Србија против насилството за градоначалник на Белград Владимир Обрадовиќ изјави дека СНС знае да губи на изборите во Белград и дека поради тоа проевропската опозиција и тој лично се на удар на критики од претставниците на власта и прорежимските медиуми и таблоиди. Уредникот на порталот Нова срска политичка мисла Ѓорѓе Вукадиновиќ е уверен дека на претстојните избори има реални шанси да победи во Белград и дека нивниот оптимизам има реално покритие.

Вукадиновиќ смета дека на опозицијата на белградските избори ѝ се отвора голем простор и дека може да ја загрози само некое големо местење од власта или дека тој исход може да биде доведен во прашање само во некој драматичен пресврт во опозицискиот корпус.

Повикувајќи се на истражувањата на јавното мислење од крајот на октомври, оцени дека опозицискиот корпус на либерално левата опција, центарот и десницата во бројот на гласови може да ја спуштат владејачката коалиција под 40 отсто од гласовите на белграѓани.

Вучиќ, доскорешниот лидер на СНС, порача дека декемвриските избори се одлучувачки и дека е важно како ќе завршат бидејќи до 2027 година нема да има нови избори, освен можеби локални. „Ова е објективно согледување на ситуацијата“, оцени Вучиќ.

Српската опозиција ќе настапи на изборите со единствена листа Србија против насилството. Конзервативните, националните и десните парти веројатно ќе настапат во три блока, додека СНС на изборите излегува во коалиција со неколку помали партии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ