петок, 18 октомври 2024

Српската опозиција тврди дека има нови докази за кражба на изборите

Српската опозиција тврди дека има нови докази за изборна кражба на парламентарните и локалните избори за што ја обвинува власта, а сега е најавено дека од полицијата ќе биде побарана проверка на пријавите на живеалишта на адреси каде што е нелогично да живеат толку луѓе или воопшто некој да живее.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лидерот на опозициската Партија на слободата и правдата Драган Ѓилас кажа дека се бара проверка на повеќе адреси во Белград, каде опозицијата верува дека на парламентарните и локалните избори на 17 декември ја победила владејачката Српска напредна партија (СНС), оспорувајќи ја регуларноста на изборниот процес.

Ѓилас наброи неколку примери, меѓу другите една куќа во белградската општина Вождовац, каде, наводно и според гласачкиот список, живеат повеќе од 50 лица од Босна и Херцеговина впишани во 2023, а на таа адреса, каде инаку никој не живее, нема доволно простор за толку многу луѓе.

Ѓилас го прозва министерот за внатрешни работи на Србија Братислав Гашиќ да објасни како во телефонска централа живеат 13 луѓе и порача дека постојат бројни докази за изборна кражба. Тој тврди дека за 1.000 гласови се плаќале 50.000 евра, за 10.000 половина милион, а за 100.000 пет милиони евра.

Српската напредна партија на претседателот на Србија Александар Вучиќ, според податоците на државната изборна комисија, освои 46,72 отсто гласови на предвремените парламентарни избори на 17 декември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ