понеделник, 21 октомври 2024

Србија протера хрватски дипломат, го прогласија за непожелна личност

Министерството за надворешни работи на Србија соопшти дека денес донело одлука, во согласност со членот 9 на Виенската конвенција кој ги регулира дипломатско-конзуларните односи, да го прогласи Хрвоје Шнајдер, првиот секретар во амбасадата на Хрватска во Белград, за непожелна личност.

Објавено на

часот

Сподели

„За време на професионалниот ангажман во Република Србија Шнајдер грубо излезе од рамките на дипломатските норми и ја прекрши наведената Конвенција. По тој повод му е врачена дипломатска нота на амбасадорот на Република Хрватска Хидајет Бишевиќ.

Министерството за надворешни работи на Србија жали поради постапувањето на наведениот дипломат во изминатиот период, што не придонесува на унапредување на билатералните односи на Република Србија и Република Хрватска, добрососедската соработка и кревањето на мирот и стабилноста во регионот.

Министерството за надворешни работи на Србија изразува очекување Република Србија и Република Хрватска заеднички да работат на изградба на меѓусебната доверба, со цел остварување на заедничката европска иднина“, објави српското министерство предводено од Ивица Дачиќ.

Хрватската амбасада не дала коментар на одлуката на Белград.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ