Министерството не прецизирало дали опремата е испорачана на српските разузнавачки служби или на министерството за внатрешни работи ниту го открило името на швајцарската компанија која ја испорачала опремата.
Во декември Амнести интернешнел објави дека на телефони на неколку активисти и новинари бил најден шпионски софтвер под контрола на српските разузнавачки служби. Организацијата тврди дека ваквата пракса е раширена и системска. Србија во моментов е во политичка криза, а премиерот Милош Вучевиќ поднесе оставка поради масовните протести против корупцијата во владата.
Испораката на надзорна опрема од Швајцарија е забранета ако постои основан сомнеж дека ќе биде користена за репресија во земјата примател. Меѓутоа, во моментот кога бил одобрен извозот, немало доволно докази за да се потврди тоа, кажа портпаролот на Државниот секретаријат за економски работи Фабијан Мајенфиш.