петок, 21 февруари 2025

Србија има нова тениска ѕвезда, Меѓедовиќ на „една нога“ го победи Циципас (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Хамад Меѓедовиќ кој е 73. на АТП листата направи големо изненадување откако на турнирот од серијата АТП 500 во Доха го елиминираше шестиот носител, Циципас и тоа повреден.

Објавено на

часот

Сподели

21-годишниот Србин го доби мечот со 7:6 (8:6), 5:7, 7:6 (7:5). Сензацијата е поголема бидејќи Меѓедовиќ се повреди во последниот сет, но го доигра и победи.

При еден обид да му врати топка на Циципас, Србинот направи шпага и веднаш се фати за задната ложа. Повредата не делуваше наивно, изгледаше дека нема да може да го продолжи мечот.

Но, иако го загуби прекинатиот гејм, Хамад го одбрани својот сервис и го донесе дуелот во тај-брејк.

Носен од адреналинот, Меѓедовиќ не само што остана во мечот туку успеа да триумфира иако едвај одеше.

Дека победата на Србинот не е случајност, тој покажа и пред неколку дена кога се пласираше во финалето на АТП 250 турнирот во Марсеј, а во полуфиналето го победи шестиот тенисер во светот, Данил Медведев.

Уште е неизвесно дали Меѓедовиќ ќе го продолжи турнирот во Доха, треба да има детални прегледи по кои ќе се знае дали ќе може да игра против канадскиот тенисер, Феликс Оже Алијасим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ