понеделник, 21 октомври 2024

Србија и Унгарија „победија“, Бугарија ги укинува таксите на рускиот гас

Владата на Бугарија ќе ги укине таксите на транзитот на рускиот гас низ таа земја кон Србија и Унгарија, соопштило за Танјуг бугарското министерство за рударство и енергетика.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за такси кои се на сила од половината на октомври, а Србија и Унгарија кои добиваат гас преку транзитниот гасовод од Бугарија го осудија овој потег, стравувајќи дека дополнителните трошоци ќе ги платат потрошувачите.

Србија и Унгарија поради бугарските такси официјално ѝ се обратија на Европската комисија. Унгарија е членка на Европската Унија и смета дека воведувањето на овие такси било спротивно на европските правила.

„Србија упати официјално обраќање до Енергетската заедница во чија работа учествува и Европската комисија. Сакаме да бидеме сигурни дека нема кршење на европските регулативи. Во разговор со бугарската страна го надминавме овој предизвик кој сигурно ќе имаше негативни финансиски последици на Србија и Унгарија“, кажа српската министерка за енергетика Дубравка Џедовиќ Хандановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ