среда, 5 февруари 2025

Србија бара зголемување на испораките на руски гас, очекува тешкотии со плаќањето

Србија побара од Русија да ги зголеми испораките на гас за претстојниот зимски период, изјави потпретседателот на владата на Србија Александар Вулин на Евроазискиот економски форум Верона кој се одржува во Обединетите Арапски Емирати. „Веќе побаравме зголемување на залихите и веќе го зголемивме купувањето“, кажа Вулин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој објасни дека одлуката за зголемување на залихите е наменета само за зимата, додека за следниот период се планира нов договор. Иако очекува тешкотии со плаќањето, Вулин е уверен дека испораките од Русија ќе поминат без проблем, и покрај можното прекинување на транзитот низ Украина од 2025.

Српскиот вицепремиер истакна дека државата ќе направи сè што е потребно за да обезбеди плаќање на гасот. Србија, како што кажа, се надева дека наскоро ќе договори реализација на проектот за нафтовод со Унгарија, кој земјата ќе ја поврзе со рускиот нафтовод Дружба.

Вулин кажа и дека Србија планира да ја заврши студијата за изводливост за изградба на нафтоводот до крајот на оваа година.

Руската новинска агенција РИА Новости напоменува дека Србија претходно договори изградба на делница од нафтоводот во должина од 128 километри, проценета на 100 милиони евра, меѓу Нови Сад и селото Алѓо во Унгарија, во близина на границата.

Изградбата на нафтоводот меѓу Србија и Унгарија, кој ќе биде поврзан со Дружба, ќе трае најмалку две до три години, кажа шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Гергељи Гуљаш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ