Натпреварот понуди малку шанси, но „црвено-црните“ имаа поголема контрола и иницијатива. Клучниот момент се случи во 22. минута кога Стефан Цветковиќ со одличен удар од слободен удар ја затресе мрежата на Ондоа.
До крајот на средбата мрежите мируваа и немаше резултатски промени.
Со овој триумф Вардар стигна до 65 бода и задржа предност од четири бода пред Шкендија, која допрва треба да го одигра својот натпревар против Шкупи.
Во вториот денешен меч, Силекс со 1-0 го совлада Башкими. Победничкиот гол го постигна Дарко Додев од пенал во 69. минута, по ситуација по која гостите останаа и со играч помалку.






