По половина час игра Салах седна на теренот и се пожали на повреда. Веројатно станува за истегнување на препоните, но дополнително ќе се знае за што точно се работи и колку време тој ќе биде надвор од теренот.
Навивачите на Ливерпул стравуваат дека тој може да го пропушти финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Салах е желен за одмазда против Реал Мадрид за претходното финале од Лигата на шампионите меѓу овие два клуба кога кралскиот клуб победи, а тој порано поради повреда го заврши тоа финале.






