петок, 18 октомври 2024
Рајко Пеколски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Споменик

Повести за многупоучните бесрамно бесмислени и несомнено вистинити авантури на многунепочитуваниот даночен обврзник потрошувач гласач и дисциплиниран пушач Неговото граѓанско Височество - граѓанинот Шљупков и за тоа како тој виде посведочи и доживеа многу згоди и незгоди во Апсурдистан и северно од него извлекувајќи високопоучни слова за граѓанските доблести на послушноста политичката коректност јавниот ред и морал правото и демократијата или скратено – таму негде јужно на север.

Еден ден, Шљупков осамна како споменик среде главното село на Апсурдистан.

А на тоа место беше предвиден споменик на истакнатиот политички деец, патриотот Коковчев, како лови змија во облик на сокол. Коковчев се разлути и прати багер да го сруши Шљупков.

Но кога багеристот стигна на плоштадот, секој споменик почна да вика „Јас сум Шљупков!“.

Разљутен на народните херои што го спречуваат неговото бронзено преображение во сокол, попрскано со света водичка од архимандритот на Апсурдистанската архиепископија, Коковчев нареди да се срушат сите споменици што тврдат дека се Шљупков.

И ете, багеристот тргна да руши, но тогаш багерот забревта „И јас сум Шљупков!“. И Коковчев прати работници со токмаци, но и токмаците ѕвечкаа: „И јас сум Шљупков!“. И динамитот ечеше, „Јас сум Шљупков!“ и секое можно орудие што може да руши, грмеше непокорно „Јас сум Шљупков!“.

Тогаш Коковчев нареди под итно да почне да се гради неговиот споменик на сокол во монументални пропорции, но наместо змија, сега соколот требаше да го растргнува Шљупков. Но кога соколот беше излеан, наместо да го растргнува Шљупков, сообразно со своите природни нагони, веднаш се пушти кон Коковчев.

И види тогаш чудо! Коковчев, докажан патриот и истакнат апсурдистански политички деец, за прв пат направи нешто корисно во животот: престрашен пред налетот на бронзениот сокол, Коковчев сиот се стутка и – снесе јајце.

После тој настан, Коковчев, сепак, заслужено доби споменик – најпосле, влезе во историјата на Апсурдистан како првиот политичар и патриот кој наместо само да ги користи општеството и татковината, нешто и им дал. Споменикот беше подигнат на угледно место среде Селскиот Кокошарник.

 Рајко Пеколски

КОЛУМНИ

Миодраг Врчаковски

Илегална миграција на легален начин!

Сеад Џигал

Стереотипите како бариера за жените кандидатки

Ристо Цицонков

Греење: Не си играјте со децата, може да се разболат

Кристина Пота Радуловиќ

„Ти си пречувствителен/на“ – грижа за нас или агресија и етикетирање?

Ристо Цицонков

Базна електрична енергија да, ама не со слаб кадар и неприменети...

Далибор Ступар

Што се случи со Зелената агенда во Србија?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ