сабота, 27 јули 2024
Изјава на пратеникот од СДСМ

Спасовски: Поддршка за трансформација на Владата СДСМ не може да даде на „невидено“

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски денеска во Собранието, по координацијата кај спикерот, на новинарите им изјави дека неговата пратеничка група не може да каже „на невидено“ дали ќе ги поддржи системските предлог закони за реформа на администрацијата, односно за рекомпонирање на министерствата, што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, а за чие изгласување е потребно двотретинско мнозинство.

Објавено на

часот

Сподели

„Тие закони треба прво официјално да дојдат во Собрание. На невидено поддршка или неподдршка не може да биде дадена. Што е тоа што пишува во нив, кој е официјалниот текст и на основа на тоа што ќе го прочитаме ќе донесемне заклучок, одлука, и на ниво на партија и на пратеничка група дали ќе бидат поддржани овие закони“, рече Спасовски.

На новинарско прашање кои комисии очекува да им припаднат, тој нагласи дека законски е определено кои комисии припаѓаат на опозициските партии.

„За тоа постои формула, пропорционалност според големината на пратеничките групи. Второ, законски е определено кои комисии ѝ припаѓаат на опозицијата. Во рамките на тоа што ни припаѓа и на тоа што ќе го разговараме со другите политички партии, тогаш ќе договориме колку и кои комисии ќе ги раководиме“, изјави Спасовски.

Околу тоа кога очекува да заврши овој процес, тој рече дека динамиката за ова зависи од претседателот на Собранието.

Инаку, претходно, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски изрази очекување дека нема да има проблем за трансформацијата на Владата, што беше ветување на партијата во предизборниот период, да се обезбеди двотретинско мнозинство. На случно мислење е и пратеникот од Вреди, Халил Снопче, додека пак, Блерим Беџети од ДУИ изнесе став дека и овој предлог го нема легитимитетот на Албанците, но сепак рече дека најпрво ќе биде разгледан законскиот текст кога ќе биде доставен до нив, а потоа Европскиот фронт ќе заземе став.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ