сабота, 27 јули 2024
Изјава од пратеникот на Европски фронт

Беџети: Не го видовме предлогот, но немаат легитимитет измените на Законот за влада

Пратеникот на Коалицијата Европски фрон“, Блерим Беџети во изјава за медиумите во Собранието нагласи дека законските измени поврзани за реорганизацијата на министерствата, нешто што го предлага ВМРО-ДПМНЕ, а го прифаќа Вреди, уште не стигнале до нив и потенцира дека ќе дадат конкретен став откако ќе ги видат и разгледат. Но, како што рече, од тоа што го слушнале, се чини дека таквите измени се во интерес само на ВМРО-ДПМНЕ, но и дека го немаат легитимитетот.

Објавено на

часот

Сподели

„Во однос на предлог законот за кој е потребно двотретинско мнозинство, ние уште не сме го виделе тој текст. Кога ќе го  разгледаме ќе го кажеме нашиот став. Но факт е дека има и друг контекст, а тоа е дека не се почитува волјата на мнозинството гласачи на Албанците и на другите етнички заедници, односно турската, бошњачката и ромската заедница кои се дел од Европскиот форнт. Оттаму, тоа е и нелегитимен предлог“, рече Беџети.

Тој истакна дека по тоа што го слушнале, овие законски измени ќе му служат само на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е дел од нивната предизборна програма. Некои од институциите ќе ги водат нелегитимните претставници на Албанците во Владата каде се одземаат надлежности. Со тоа фактички уште во самиот старт се докажува дека без легитимитет секој може да си поигра како сака со ресорите и со надлежностите во ресорите“, рече Беџети.

Тој најави дека нивната коалиција во наредните денови ќе има активности во правец на, како што рече, одбрана на легитимитетот на гласачите Албанци.

„Рамковниот договор е многу значаен и е многу битен за сите етнички заедници во државата и затоа ние уште вчера како прв чекор најавивме одбрана на легитимитетот како на еден главен столб во демократијата. Нормално дека ќе има и други активности во овој правец за бранење на легитимитетот, каде што би имале смисла демократијата и гласањето, бидејќи ние сме организирани како етнички политички партии. Ние веќе се обративме со декларацијата и ќе продлжиме и во иднина и во наредниот период што е пред нас со други активности во одбрана на легитимитетот“, рече Беџети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ