среда, 23 октомври 2024

Спасовски и Тасевски го посетија повредениот началник на струшката полиција

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, посакувајќи му што поскоро опоравување на повредениот началник, министерот Спасовски го повтори својот став дека напад на припадник на македонската полиција е напад на државата, поради што мора да има најстроги санкции за тој кој ќе се осмели да изврши таков чин на насилство.

„Насилството е последното прибежиште на криминалците, последниот обид да ги заплашат оние кои се задолжени за спроведување на законот. Затоа казната од правосудните органи треба да е брза, навремена, строга и без отстапки. А последниот удар на полицијата до конечна пресметка со криминалот – најсилен“, порача Спасовски по посетата.

Како што наведуваат од МВР, обидот за убиство се случи на 28 јули околу 17:35 часот на улицата Ристо Крле во Струга кога осомничениот Сефер Насуфи со своето возило му го попречил патот на Дритан Ајро кој бил во неговото возило и прво вербално го нападнал, а потоа му нанел повреди со остар предмет, по што се дал во бегство. Ајро бил пренесен во болницата во Струга, каде му е укажана лекарска помош.

Од страна на полициски службеници од СВР Охрид-НККР Струга, Оддел за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и Оддел за специјални полициски операции преземени се мерки и активности, по што Насуфи беше лишен од слобода поради основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид.

На Насуфи му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што е спроведен во затворот Скопје во Шутка.

МКД.мк  претходно објави дека осомничениот Сефер Насуфи е брат на поранешниот директор на Бирото за јавни набавки и актуелен член на Бордот на директори на Т-хоум.

Како што објави вчера МКД.мк, началникот на струшката полиција Дритан Ајро кој вчера беше прободен со нож е брат на поранешниот обвинител на специјалното јавно обинителство (СЈО), Артан Ајро кој по распадот на СЈО беше избран како обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а неодамна беше унапреден во обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Ајро вчера беше опериран и според информациите на дежурнииот хирург се наоѓа надвор од животна опасност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ