среда, 23 октомври 2024

Спасовски апелира да не се шпекулирa со случајот за исчезнувањето на Вања

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа до доцна во ноќта, практично до утринските часови, работеше целиот овој тим, предводен од началникот на СВР – Скопје. Извршени се низа на активности, проверки и земање на изјави, разговор со семејството, итн…, се со цел да дојдеме до некаква првична информација, изјави Спасовски.

Тој нагалси дека МВР ќе ги преземе сите мерки и активности што се потребни, со цел да дојде до информација за да може да биде пронајдено девојчето. 

„Апелирам до граѓаните навистина да ги добиваат информациите од МВР и на тој начин најмногу ќе се помогне да ја постигнеме целта. Да не изнесуваме шпекулации во јавноста коишто дополнително може да ја подгреваат атмосферата“, порача Спасовски, кој денеска во Брисел учествуваше на Меѓународната конференција на Глобалниот сојуз за борба против криумчарењето на мигранти во организација на Европската комисија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ