вторник, 22 октомври 2024

Спасени три момчиња заглавени на островче на надојдената река Треска

Три 16-годишни момчиња синоќа биле спасени откако останале на островче од песок и чакал создадено од надојдените води на реката Треска предизвикани од испуштањето на водата од браните Матка и Козјак.

Објавено на

часот

Сподели

Случајот бил пријавен преку Центарот за управување со кризи вчера во 19,12 минути.
Наглото покачување на водите на реката Треска предизвикало трите момчиња да останат заробени на специфичен повисок песочно-чакален дел на средина на реката, на своевидно островче и немале можност како да преминат на брегот.
Испуштањето на водата од браните е редовен процес за континуирано производство на електрична енергија со што редовно навечер има нагло зголемување на водотекот низ коритото на реката Треска.
Од ЦУК најпрво биле повикани специјалните полициски сили да интервенираат, а истовремено побарале од диспечерите на хидроцентралите Козјак и Матка веднаш да го намалат истекот на вода за да се овозможи извлекувањето и спасувањето на момчињата.
Околу 23 часот, со помош на специјалните тимови на МВР и селаните од селото Грчец, момчињата со чамец успешно биле префрлени на брегот, информираат од ЦУК.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ