Како што информираат од Советот на амбасадори на Македонија, на средбата бил донесен заклучок за продолжување на соработката врз принципот на заемна доверба и проширување на активностите со вклучување на останати невладини организации од таков карактер во регионот на Западен Балкан.
„Досегашната соработка на двата совети треба да продолжи и понатаму врз принципите на заемна почит и доверба, кои треба да бидат водилка за проширување на активностите со вклучување на останати невладини организации од таков карактер во регионот на Западен Балкан и пошироко. Советите веќе ја потврдија таквата определба преку иницирање на заеднички проекти кофинансирани од ЕУ во рамките на Фондот за Западен Балкан, преку кои ќе се реализираат две работилници под наслов „Дијалог за промени во Западниот Балкан”, се наведува во соопштението.
Работилниците ќе се оддржат во Скопје и Тирана, на почетокот од наредната година, каде ќе присуствуваат амбасадори и високи претставници од граѓанското општество од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора.
Како што стои во соопштението, Советите на амбасадорите од Албанија и од Македонија, сметаат дека е потребно двете земји да ги интензивираат напорите за отпочнување и водење на преговорите за полноправно членство во ЕУ и дека за таа цел, сѐ уште постои простор за исцрпување на расположиви дипломатски и државнички постапки и алатки.