понеделник, 21 октомври 2024

Состанок на двете светски сили во Америка: Бајден и Си очи во очи на 15 ноември во Сан Франциско

Претседателите на Соединетите Американски Држави и Кина Џо Бајден и Си Џинпинг планираат да одржат билатерални разговори во Сан Франциско на 15 ноември, на маргините на самитот на лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), јави агенцијата Кјодо повикувајќи се на висок американски функционер кој сакал да остане анонимен.

Објавено на

часот

Сподели

Изворот кажал дека САД и Кина ги вршат последните подготовки за состанокот на Бајден и Си, наведува агенцијата, додавајќи дека Кина допрва треба да го потврди присуството на Си на самитот на АПЕК.

Состанокот ќе се одржи во момент кога двете светски сили се обидуваат да најдат начини да го ублажат силното ривалство, иако геополитичките тензии меѓу нив не покажуваат знаци на намалување.

Бајден и Си претходно се сретнаа во ноември минатата година на Бали во Индонезија, за време на самитот на Г20. Белата куќа соопшти дека Бајден треба да отпатува во Сан Франциско на 14 ноември, ден пред отворањето на кое ќе учествуваат 21 пацифичка држава, вклучувајќи ги Австралија, Јапонија, Перу, Јужна Кореја, Тајланд и други.

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји го посети Вашингтон на крајот на октомври и одвоено се сретна со Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен и советникот за национална безбедност Џејк Саливен.

Иако двете сили не се согласуваат околу повеќе важни прашања, и Вашингтон и Пекинг во повеќе наврати соопштија дека сакаат одговорно да управуваат со билатералните односи и да обезбедат ривалството да не прерасне во конфликт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ