Банката ќе укине 880 работни места во Франција почнувајќи од април. Според постигнатиот договор меѓу синдикатите на вработените и дирекцијата на банката, укинувањето на работните места нема да биде преку отпуштања од работа, туку со доброволно заминување или пензионирање.
„Сосиете женерал“, слично како и двете други големи француски банки „БНП Париба“ и „Креди Агрико“, почна да спроведува мерки за приспособување на нејзината дејност на актуелната должничка криза во еврозоната, со цел да ја засили својата солвентност.