Сопругите застанаа пред портата на Министерството со транспаренти дека бараат враќање на нивните сопрузи од фронтот. Една од нив објави фотографии на Телеграм.
На некои транспаренти пишуваше – „Време е мобилизираните да се вратат дома“, „Сама сум, доста ми е“.
На еден натпис беше испратено барање за средба со новиот министер за одбрана Белусов, кој на 12 мај го смени долгогодишниот министер Сергеј Шојгу.
Полицијата им нареди да се разотидат и да ги отстранат паролите, но всушност да се засолнат ги натера ненадејниот и силен дожд, рече една од нив.
Растечката репресија ги направи демонстрациите исклучително ретки во Русија. Протести организираат единствено здруженија на жени или роднини на мобилизираните лица, кои бараат нивно враќање.