понеделник, 28 октомври 2024
Време

Сончево и топло, попладне нестабилно и дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 35 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ