недела, 14 јули 2024

Собраниски контролен механизам и максимум четири државни кампањи годишно, предвидуваат предлог-измените на Законот за медиуми

Објавено на

часот

Сподели

Како што рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, опфатени ќе бидат сите медиуми, вклучувајќи ги и радијата.

Законските измени се уште се во работна верзија, но во нивното конечно дефинирање треба да бидат вклучени сите релевантни чинители за да се изнајде долгорочно и одржливо решение.

Ковачевски потсети дека по Пржинскиот договор, кога се направија измените на Законот за медиуми, се укина можноста државата и општините да организираат информативни кампањи. Сега, со новите измени, рече, се предвидуваат по максимум три до четири државни или општински кампањи годишно, воопшто не се работи за секојдневно рекламирање и бомбардирање на граѓаните со нечии политички идеологии.

„Се работи за работна верзија на Законот за медиуми во делот на овозможување државата и локалната смоуправа да прават информативни кампањи значајни за граѓаните. Не зборуваме за рекламирање на државата, за политичко рекламирање какво што гледавме 11 години во владата на ВМРО-ДПМНЕ кога огромни финансиски средства се трошеа од државниот буџет за промовирање некакви идеолошки платформи. Во текот на корона кризата се покажа потребно да се информираат граѓаните, но законски тоа не беше можно, државата немаше начин како да комуницира со граѓаните. Затоа, подолго време се разговара со претатавници на медиумите. Кога ќе има финална верзија, ќе биде споделена со сите“, истакна премиерот, одговорајќи на новинарско прашање по увидот во рехабилитацијата на пат во Демиркапискиот регион.

Постојат и здруженија на новинари, дополни Ковачевски, кои имаат свое видување на работите.

„Еден состанок е одржан, претставници на една медиумска организација дадоа свои видувања и идеи како во нивниот дел може да се реши. Ни претстои период кога ќе треба да изнајдеме начин и во делот на финансирањето информативни кампањи од општ, јавен инетерес, три – четири годишно, а не секој ден да ги бомбардираме грааните со реклани политички пораки, тоа е интенцијата“, нагласи Ковачевски.

Тој потенцира и дека една од целите на законските измени е да се зголеми квалитетот на програмите, на она што го гледаат граѓаните за да се унапредат, како што рече, и други аспекти од општеството.

Ковачевски се осврна и на демократијата и слободата на медиумите. 

„Докажавме дека врвен приоритет ни е слободата на медиумите, а доказ за тоа стигна од Репортери без граници, од 138. место од Владата на ВМРО-ДПМНЕ кога бевме заробена држава, денес сме 38 земја во светот. Само лани напредувавме 19 места во рангирањето. Мислам дека имаме капацитет да продолжиме. Зошто да не станеме и прва земја во светот според слободата на медиумите, знаете дека можете слободно да известувате за секоја тема“, истакна премиерот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ