сабота, 23 ноември 2024

Собраниска седница, претежно закони по скратена постапка

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Пратениците треба да ги разгледаат дополнување на Законот за државното правобранителство, измени на Законот за спорт,  предлог на закон за стручно усовршување и обука на административните службеници, предлог на закон за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација, предлог на закон за административни службеници, предлог на закон за вработените во јавниот сектор, измени и дополнувања на законот за електронско управување и електронски услуги, предлог на закон за рибарство и аквакултура, сите по скратена постапка.

На дневен ред се и  предлог на закон за гаранција на Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи, изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот, дополнување на Законот за служба во Армијата на Македонија, изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, сите по скратена постапка.

На оваа 138. седница во прво читање се предлог на закон за правда за децата, изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите и изменување на законот за управување со дополнителни текови на отпад.
Пратениците ќе дебатираат и за предлог – национална стратегија за развој на културата со Акциски план за периодот 2023-2027 година, како и за предлог на одлука за давање согласност на Годишна програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2024 година, и за предлог на одлука за давање на согласност на финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ