Вчера покрај реката Луда Мара бил пронајден неговиот мобилен телефон.
Таткото на Миле, во четвртокот вечерта пријавил дека неговиот син исчезнал.
„Во четвртокот вечерта во 18 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т. (60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т. (28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, соопштија тогаш од Секторот за внатрешни работи Велес.
Миле последен пат бил забележан во кавадаречкото село Марена, во чтвртокот претпладне.