среда, 23 октомври 2024
Обвинителството поведе постапка против три лица

Со мачета и палка покажувале сила во слаткарница на Широк Сокак во Битола

Битолското Основно јавно обвинителство поведе постапка против три лица кои се сомничат дека извршиле грубо насилство врз две лица на улицата Широк Сокак во Битола.

Објавено на

часот

Сподели

„Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против три лица, кои се осомничени дека во група сториле кривично дело насилство од член 386 став 3 од Кривичниот законик. На 5 јуни попладне, во слаткарница на улицата Широк Сокак, осомничените извршиле грубо насилство врз две лица. Замавнувале кон оштетените со мачета и со метална палка, им се заканувале, а со своите дејствија предизвикале страв, несигурност и загрозување и кај останатите гости и случајни минувачи“, се вели во денешното соопштение од Републичкото јавно обвинителство.

Оттаму појаснуваат дека двајца од осомничените се браќа, претходно осудувани. За едниот од нив по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Битола определи мерка притвор, а за другиот куќен притвор во траење од осум дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ