Како што соопшти Министерството за здравство, д-р Дејан Филиповиќ од 2018 година е вработен на Клиниката како специјалист дерматовенеролог и асистент по дерматовенерологија при Медицинскиот факултет во Скопје.
Во моментот е докторанд на клиничка медицина, во областа дерматовенерологија, на Универзитет „Кирил и Методиј”, член е на Здружението на дерматовенеролози на Македонија и во Европската академија за дерматологија и венерологија.
Новиот медицински в.д. директор на Кардиологија д-р Беким Поцеста, наведува министерството во соопштението, е долгогодишен специјалист по кардиологија.
На Клиниката што ќе ја раководи работи од 2005 година, на одделот за интензивно лекување, како и во службата за електрофизиологија и имплантација на електростимулациски уреди.
Во 2019 година се стекнал со звање примариус, а Поцеста беше директор на Кардиологија и во периодот од јули 2017 до февруари 2018 година.