На Кујунџиќ, д-р Митрев му направи тробендеректомија на заедничката површинска и длабоката феморална артерија и реконструкција со премостување десно со сопствена вена од левата нога. Интервенцијата помина успешно и ногата на пациентот е спасена,
„По пребарување на интернет ги прочитав сите пофалби за клиниката ‘Жан Митрев’ и се уверив дека докторите се стручни. Исто така, стапив во контакт со пријател со истиот проблем на кој д-р Митрев, исто му ја спасил ногата и кој ми ги пренесе сите позитивни искуства. Тоа беше последниот знак дека ако сакам да се излечам морам да дојдам во оваа клиника“, изјави Слободан Кујунџиќ од Хрватска.
Овој 64 годишен пациентот веќе се врати во Хрватска подвижен и подготвен да продолжи со своето секојдневие.