При мерење на бучава од страна на инспекторите за еден од угостителските објекти на териоторијата на Општина Аеродром е констатирано дека правното лице го нарушило мирот на граѓаните со штетна бучава.
„Имено, врз основа на член 50 став 1 од Законот за заштита од бучава во животната средина, нивото на бучава при вршење на угостителската дејност треба да е во рамките на пропишаните гранични вредности“, велат од Општина Аеродром.
Оттаму апелираат до правните, но и до физичките лица да се придржуваат до пропишаните правила и закони со што ќе се избегнуваат нарушувања на мирот на жителите, а воедно и Општината како институција да не биде доведена до други вакви и слични ситуации во кои мора да изрекува прекршочни санкции.
Инспекторите на Општина Аеродром, велат, се постојано на терен, а секое детектирано прекршување на законите подложи на парична глоба. Истовремено, ги повикуваат аеродромци доколку забележат какво било несовесно однесување, веднаш да пријават кај нашите служби.