„Доцна попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, БЈБ и МВР извршуваат претреси на повеќе локации низ државава.. Претресите се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични дела поврзани со набавка на деривати. Подетални информации ќе бидат споделени во текот на утрешниот ден„, соопштија од ОЈО ГОКК.
Информација испратија и од МВР.
„Одделот за сузбивање организиран криминал и корупција при Бирото за јавни работи (БЈБ), МВР, во координација со ОЈО за ГОКК, по наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителна набавка на деривати, штета од големи размери на буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето“, велат од полицијата.
Капушевски во 2014 година ја напушти државната служба и потоа работеше како проект- менаџер во канцеларијата на контроверзниот руски бизнисмен Сергеј Самсоненко во Скопје, пред да го започне својот енергетски бизнис.
За името на Капушевски повеќепати беа врзувани контроверзни тендери за набавка на нафта и нафтени деривати за државни институции, а неговата компанија, РКМ, во последните години добиваше јавни набавки вредни стотици милиони евра.