вторник, 22 октомври 2024

Со хеликоптер на МВР пренесен во Скопје македонски државјанин кој беше на лекување во Виена

МВР информира дека вчера, со хеликоптер на Одделот за воздухопловни единици на МВР, опремен со медицинска опрема, е реализиран успешен транспорт до Скопје на македонски државјанин кој бил на лекување во Виена, Австрија.

Објавено на

часот

Сподели

Во  хеликоптерот бил и медицински тим од ГОБ „8 Септември“.

Се работи за транспорт на младиот Леонид Индов, кој беше на лекување во Виена, Австрија. Во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето на таткото на Леонид беше позитивно одговорено и вчера се изврши реализација на транспортот со хеликоптер опремен со соодветни медицинска опрема и персонал, од Виена до Скопје.
Инаку, ова е прв ваков воздухопловен транспорт во нашата држава, на лице заболено од параплегија (со неможност за движење на екстремитетите, а дише со помош на подвижен респиратор и кој е поврзан со катетер).
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ