вторник, 22 октомври 2024

Со грчки камион во саботата под пиперките шверцувал два тони месо, веќе е донесена и пресуда

Во грчки камион цариниците на Богородица под пријавените пиперки и салати пронашле два тони свинско месо. Поднесена била кривична пријава и веќе е донесена пресуда против сопственикот на камионот.

Објавено на

часот

Сподели

Мобилен тим на Царинска управа викендов спречил криумчарење на два тони месо штетно за здравјето на граѓаните. Од царината велат дека превозникот, воедно и сопственик на транспортното возило, месото не го пријавил со царинска декларација, ниту поседувал ветеринарен сертификат. По поднесена кривична пријава, донесена е и пресуда за сторено кривично дело, криумчарење на стока, нагласуваат од Царинската управа.

„Во саботата на царинска испостава Богородица на влез во државата се пријави товарно возило со грчки регистарски таблички, за коешто со царински документ беа пријавени 28 колети вода, пити, салати и пиперки. Заради извршување на детален преглед возилото е пренесено во јавен царински склад, каде по отпочнување на прегледот превозникот изјавил дека има и друга непријавена стока, замрзнато свинско месо, чија што вредност согласно дополнително приложените документи изнесува 11 илјади евра.

Случајот е преземен од страна на инспектори во Одделение за истраги при Сектор за контрола и истраги, кои поднесоа кривична пријава до Основен кривичен суд Гевгелија, каде е донесена пресуда за сторено кривично дело – криумчарење по член 278 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението.

 

Царинска управа согласно своите приоритети во континуитет спроведува акции за сузбивање на сите форми на криминал, грижејќи се за безбедноста на граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ