сабота, 19 октомври 2024

Со дрон нападната зградата во која живее Нетанјаху

Дрон лансиран од Либан се урнал врз зграда во израелскиот град Цесареа, каде живее премиерот Бенјамин Нетанјаху, соопшти денес израелската војска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според извештаите на израелските медиуми, не е познато дали Нетанјаху бил во крајбрежното одморалиште кое се наоѓа меѓу Тел Авив и Хаифа во времето на нападот. Во инцидентот никој не бил повреден, соопшти израелската војска. Сопрени се две беспилотни летала.

Воздушна тревога имало и во Тел Авив, 55 километри појужно, бидејќи дрон наводно се приближил до квартот Гилиот, каде се наоѓа седиштето на израелската разузнавачка служба Мосад и уште еден разузнавачки центар. Сирени се огласите и во други места во северен Израел, вклучувајќи го градот Тиберијас на западниот брег на Галилејското Езеро.

Либанската паравојска Хезболах, која е во сојуз со палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа, лансира ракети и дронови на Израел речиси секој ден од почетокот на израелската окупација на Газа. По веста за убиството на лидерот на Хамас Јахја Синвар во Газа, милицијата поддржана од Иран најави „нова фаза на ескалација“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ