понеделник, 21 октомври 2024

Со џип, две пушки и седум отстрелани фазани беа приведени ловокрадци во ловиштето Бунарџик

АДА Петра ДООЕЛ денеска изнесе детали за вчерашното приведување ловокрадци во ловиштето Бунарџик во Трубарево со кое управува, а од страна на чуварската служба на ловиштето, за што вчера извести МКД.мк. Ловокрадците отстрелале седум фазани, а според чуварите, тие и другпат пустошеле по ловиштата.

Објавено на

часот

Сподели

Тројца ловокрадци, вчера беа фатени на дело, во неловен ден, без дозволи за лов, при криволов на фазани во ловиште „Трубарево“ со 7 отстрелани фазани, коишто ги ловеле од теренско возило во движење по нивите во ловиштето во скопскиот регион, наведуваат од фирмата.

д

„Еден од ловокрадците возел, а другите пукале од едната и од другата страна на возилото. Инаку, ловокрадците, според сознанијата на концесионерот, на исти начин веќе подолго време го пустошеле ловиштето. Концесионерот на ловиштето постапил, согласно законот: ги одзел средствата за лов, двете пушки и возило и секако незаконски застреланиот дивеч и случајот го пријавил во МВР, по што следува законска процедура за казнување на ловокрадците. 

д

Законот предвидува строги казни за вакви дела коишто се во Законот за ловство набележани во делот прекршочни одредби од членот 77, па до член 84 на закон. Конкретниот престап опфаќа дека, покрај одземањето на средствата и предметите за лов и дивечот, е предвидена парична казна по повеќе ставови од посочениот член, како и надокнада за застреланиот дивеч.

Постапката е во надлежност на Прекршочната комисија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а висината на казната од овој Закон за ловство се усогласува и според Законот за прекршоци“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ