Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море се зголеми за еден долар и изнесува 93,26 долари за барел. Во Њујорк цената на лесната сурова нафта е повисока за еден долар и сега изнесува 90,37 долари за барел.
Според извештаите, Израел го зајакнува своето воено присуство долж границата со Либан, а САД го зголемува военото присуство. Сето ова предизвикува загриженост во однос на можна ескалација на судирите во регионот.