сабота, 19 октомври 2024

Словенија избрана за една од непостојаните членки на Советот за безбедност на ОН

Објавено на

часот

Сподели

На тајните избори во Генералното собрание од 193 члена, Словенија доби 153 гласа, додека Белорусија доби 38 гласа.

„Државите членки на Обединетите нации несомнено одлучија дека тешките кршења на човековите права во Белорусија ја дисквалификуваат таа земја да биде во Советот за безбедност, клучното тело за заштита на човековите права“, соопштија извори блиски до ОН.

Четирите други земји избрани во Советот за безбедност со двогодишен мандат се Гвајана, која доби 191 глас, Сиера Леоне, со 188 гласа, Алжир со 184 гласа и Јужна Кореја со 180 гласа.

Непостојаните места во Советот за безбедност на ОН им се доделуваат на регионални групи, кои обично ги бираат кандидатите.

Петте нови членки ќе го почнат својот мандат на 1 јануари, заменувајќи ги петте земји чиј двогодишен мандат завршува на 31 декември, а тоа се Албанија, Бразил, Габон, Гана и Обединетите Арапски Емирати.

Советот за безбедност на ОН е задолжен за одржување на меѓународниот мир и безбедноста, но поради правото на вето на постојаните членки не може да преземе мерки за повеќе светски конфликти.

Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон им кажа на новинарите дека е изненадена од поддршката за нејзината земја.

Таа кажа дека тоа докажува дека Словенија убедила огромно мнозинство земји членки на ОН дека може да биде „доверлив партнер“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ