недела, 20 октомври 2024

Словенија гради привремени објекти за мигранти на границата со Хрватска

Словенија ќе постави привремени објекти за процесирање мигрантски пристигнувања на границата со Хрватска наведувајќи го како причина порастот на пристигнувањата, објави денес словенечката влада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Властите на поранешниот граничен преми Обрежје ќе постават како привремени објекти ограда, два санитарни и три станбени контејнери и три шатори, јави државната новинска агенција СТА.

Во 2023 бројот на неовластени влегувања бил значително зголемен во однос на претходниот период, наведе владата во соопштението и укажа дека причината за пристигнувањата и порастот на нелегалните миграции се надворешни дека државата на тоа нема влијание и ги гледа како виша сила.

Официјалниот граничен премин Обрежје со Хрватска беше отстранет минатата година кога Хрватска влезе во Шенген зоната на слободно патување. Но некои гранични контроли беа повторно воведени поради засилената миграција во таа област.

Словенија пријави пораст на преминувањата на мигранти од Блискиот Исток, Азија и Африка кои бараат начин да стигнат до западна Европа. Италија, Словенија и Хрватска се договорија да соработуваат за да ја сузбијат миграцијата низ тие три земји.

Словенечката влада наведе дека привремените објекти за мигранти се поставуваат затоа што локалните полициски станици во таа област немаат капацитет да примат прилив на мигранти.

Тој аранжман ќе трае најмногу три години, наведе владата.

Мигрантите пристигнуваат во Словенија од Хрватска по преминување на таканаречената балканска копнена рута која води од Турција до Грција или Бугарија, и потоа преку Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ