вторник, 22 октомври 2024

Словачкиот премиер: ЕУ е уморна од Зеленски

Обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски не предизвика никаков интерес меѓу учесниците на состанокот на Европскиот совет, одржан на 26 октомври, изјави премиерот на Словачка Роберт Фицо.

Објавено на

часот

Сподели

„Воопшто не се изненадив кога видов дека видео-пораката на Зеленски на состанокот на Европскиот совет беше дочекана без интерес. Времињата се менуваат. До неодамна секаде беше дочекуван со аплауз, а сега не му е дозволено да зборува во некои комори (виши законодавни тела), како што неодамна беше случајот во Соединетите Американски Држави“, кажа Фицо.

Словачкиот премиер оцени дека Европската Унија се чувствува „ужасно уморно“ од разговорите за украинскиот конфликт, истакнувајќи дека европските земји едноставно ја копираат политиката на Вашингтон и сакаат Киев да ги остави на мира.

„Европската Унија слепо ја копира политиката на американската администрација. Наместо да нуди решение за постигнување мир, таа на Киев само му испраќа пари и оружје. Војната дојде во ќорсокак. Сè сум поуверен дека не станува збор за Украина, туку за политика чија цел е економско ослабување на Руската Федерација“, кажа Фицо и додаде дека Унијата нема сопствена надворешна политика.

Според него, ЕУ треба да биде посредник и иницијатор на преговори меѓу Русија и САД, кои, како што наведе, „фактички се во конфликт на територијата на Украина“. Фицо кажа и дека ЕУ треба да почне да формулира безбедносни гаранции кои може да му ги пружи на Киев, а дека една од таквите гаранции е „членство на воено неутрална Украина во ЕУ“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ