понеделник, 21 октомври 2024

Словачка ја блокира планираната испорака на оружје за Украина

Словачката влада денеска одлучи да ја блокира големата испорака на оружје за Украина, што ѝ беше ветена на таа земја од претходната извршна власт.

Објавено на

часот

Сподели

„Владата не го одобрува предлогот за донација на воена опрема за Украина“ во вредност од 40,3 милиони евра, се наведува на официјалната веб-страница на Владата.

Предложениот четиринаесетти пакет помош за кој донесе одлука поранешното раководство на Министерството за одбрана се однесува на испорака на муниција од 7,62 мм и муниција со голем калибар за топови од 125 милиметри, како и испорака на ракети за противвоздушна одбрана, минофрлачи и минско-експлозивни средства.

Новата коалициска влада, предводена од Роберт Фицо од крајот на октомври и составена од проруската и крајно десничарската партија СНС, најави дека помошта за Украина отсега ќе биде ограничена на „хуманитарна и цивилна“.

Фицо вчера изјави дека „никој нема да спречи словачка компанија да произведува оружје и да ѝ го достави на Украина, ако тоа го сака“.

Од почетокот на војната што Русија ја започна во соседна Украина, Словачка му достави на Киев воена опрема во вредност што се проценува на околу 671 милион евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ