четврток, 13 февруари 2025

Слави Трифонов до Мицкоски: Немате грам благодарност за Бугарија!

И дотичниот Мицкоски, оние кои го избраа и оние кои уживаат во тоа што го кажува, што се однесува до мене, сите тие предводени од Мицкоски, преку криви макарони ќе ја видат Европската Унија. Преку многу криви макарони“, напиша на својот фејсбук-профил поранешниот бугарски шоумен, а денес политичар Слави Трифонов во реакцијата на денешната изјава на Христијан Мицкоскина.

Објавено на

часот

Сподели

Лидерот на бугарската партија Има таков народ Слави Трифонов на Фејсбук го критикуваше македонскиот премиер Христијан Мицкоски и Македонците:

„Денеска, премиерот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, пред Собранието во Скопје изјави дека не гледа причина за внесување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија. Праша зошто Албанија го нема истото барање, со оглед на тоа што 8.000 луѓе во земјата ја прогласиле својата бугарска самосвест. Мицкоски порача дека во Република Северна Македонија, според него, живеат околу 700-800 Бугари со бугарски мајчин јазик. Толку сум уморен од овие луѓе. Не можам да кажам дали станувам лут или тажен. Овој Мицкоски беше демократски избран. Прекрасно се сеќавам како за време на изборите целата негова предизборна кампања се базираше на омраза. Затоа го избраа него. И сега така зборува за оние што го избраа. Бугарија прва ги призна како држава, и покрај целата наша историја, и покрај целата фикција што ја претставуваат, и покрај сите глупости кои со години ги зборуваат против нас… И покрај сето ова, претседателот Желев, неговиот мал прст, прв во целиот свет ги призна како независна држава. И покрај тоа, и покрај сите компромиси направени од сите бугарски влади, сите бугарски премиери, сите Бугари воопшто. Ни грам благодарност, грам почит, грам логика. Нема ништо. Само омраза. Сепак, таму има луѓе кои се чувствуваат како Бугари. Кои се Бугари! А Бугарија е секаде каде што живее и еден Бугарин. А има многу повеќе од еден. Многу, многу, многу повеќе. Тие се оние за кои треба да се грижиме, тие се оние на кои треба да мислиме и треба да се грижиме за нив. И дотичниот Мицкоски, оние кои го избраа и оние кои уживаат во тоа што го кажува, што се однесува до мене, сите тие предводени од Мицкоски, преку криви макарони ќе ја видат Европската Унија. Преку многу криви макарони“, напиша Трифонов на Фејсбук.

Мицкоски денеска изјави дека суштинското прашање е зошто во земјава, каде има околу 700-800 Бугари, кои декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот, треба да бидат ставени во Устав, додека Албанија со осум илјади Бугари според бројките од пописот го нема тој услов.

„На пописот во 2011 година во Албанија има декларирано 5,5 илјади Македонци. Сега има околу 2.300 и 8.000 Бугари. А во пописот во 2011 година во Албанија има нула Бугари. Прашањето е следно: ако сега на овој попис во 2023 година има повеќе од 8.000 Бугари, а во 2011 година 5.500 Македонци, а сега има 2.300, теоретски останатите 3.000 потпаднале под асимилаторската бугарска политика, тогаш овие што ја сочинуваат преостанатата разлика до 8.000, што се, Албанци? Ние се грижиме за македонското малцинство насекаде. Вистинското прашање е зошто во Македонија околу 700-800 Бугари кои што декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот треба да ги ставиме во Устав, а зошто Албанија го нема тој услов овие 8.000 да ги стави во уставот? Тоа е суштинското прашање. Јас би сакал ние да разговараме како граѓани Македонци и останати, не само Македонци, туку и Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Роми и Власи. Ајде да видиме зошто дозволивме ова да се случи. Тоа е суштинското прашање“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ