петок, 22 ноември 2024

Скот Ритер: Дали Израел и САД сакаат војна во која Русија ќе застане на страната на Иран?

Соработката на Москва и Техеран во последно време е значително засилена, така што ако Израел сепак одлучи да почне војна со големи размери, мора да има предвид дека Русија во неа ќе биде на страната на Иран, изјави поранешниот американски разузнавач Скот Ритер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Русите станаа од клупата и излегоа на терен. Сега е само прашање дали Израел ќе сака да игра таква игра“, додаде Ритер во емисијата на Јутјуб „Џаџинг фридом“.

На прашањето за коментар на изјавата на секретарот на Советот за безбедност на Русија Сергеј Шојгу и неговата посета на Техеран како јасен знак дека Кремљ е многу заинтересиран за исходот на конфликтот на Блискиот Исток, Ритер потсети дека Русија и Иран потпишаа одбранбен договор, чии детали не се откриени.

„Русија и Иран денес соработуваат на целосно друго ниво отколку минатата година, пред шест месеци, пред три месеци. Тие се стратегиски поврзани. Двете земји потпишаа договор кој ги поврзува Санкт Петербург и јужните ирански пристаништа, што им обезбеди рута која САД не можат да ја блокираат. Ги поврзуваат и индустриската и геополитичката соработка, а Русија покрај тоа истакна дека е стратегиски сојузник на Иран“, прецизираше Ритер.

Додаде дека, имајќи го предвид сето ова, Израел и САД мора да постапат многу внимателно, бидејќи лесно би можело да дојде до конфликт во кој Русија ќе застане на страната на Оран. И тоа ќе ја доведе Русија во потенцијален конфликт не само со Израел.

„Како што кажа Сергеј Лавров, Русија нема секогаш да седи на страна. Верувам дека Русија веќе донела одлука: повеќе не се настрана. Станаа од клупата и влегуваат на теренот. Сега прашањето е дали Израел ќе сака да игра таква игра“, изјави поранешниот американски разузнавач.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ