сабота, 19 октомври 2024

Скоро 50 илјади денари е минималната потрошувачка кошница во јуни, пресмета ССМ

Објавено на

часот

Сподели

На едно семејство во јуни за минимални месечни трошоци му биле потребни 48.543 денари, покажуваат податоците од синдикалната кошничка што на месечно ниво ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија. 

Оттаму велат дека иако има благо намалување на вредноста на синдикалната кошничка во јуни, сепак трошоците за храна и пијалоци се зголемени.

За храна и пијалоци во јуни биле потребни минимум 19.805 денари, а за покривање на режиските трошоци 13.416 денари. За превоз минимум на едно семејство му биле потребни 3.720 денари, а за хигиена 3.252 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ