четврток, 19 декември 2024

Скопското Кале повторно ќе биде отворено за посетители, најави министерот Љутков

Скопското Кале до почетокот на летото би требало да биде официјално отворено за посетители, најави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Тврдината на Скопското Кале, целосно беше затворено во 2011 година од страна на полицијата, поради инцидентот во кој со камења и тупаници две групи, македонци и Албанци го искажаа своето незадоволство од изградбата и од уривањето на црквата-музеј. Водач на незадоволната група Албанци беше поранешниот вицепремиер Артан Груби за кој МВР распиша меѓународна потерница затоа што е осомничен за криминал вреден шсет милиони евра, а во врска со работењето на Државна лотарија.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера го имав првиот состанок со Советот за културно наследство, со кој го видовме и извештајот кој што беше направен од работната група формирана од Управата за заштита на културното наследство и во наредниот период ќе преземеме конкретни чекори бидејќи имаме буџет во 2025 година за таа намена. Се надеваме дека до почеток на летото веќе ќе можеме да го отвориме Калето официјално за посетители. Освен Калето и содржините што ги имаме внатре, во Калето, а тоа се музеите“, одговори на новинарско прашање Љутков по промоцијата на софтверот за водење на заштитните евиденции и Националниот регистар на културното наследство.

Скопското Кале, целосно беше затворено во 2011 година од страна на полицијата, поради инцидентот во кој со камења и тупаници две групи го искажаа своето незадоволство од изградбата и од уривањето на црквата-музеј.

Учесниците во тепачката беа осудени на условни затворски казни.

Водач на незадоволната група Албанци беше поранешниот вицепремиер Артан Груби за кој МВР распиша меѓународна потерница затоа што е осомничен за криминал вреден шсет милиони евра, а во врска со работењето на Државна лотарија.

Во однос на истражувањето на археолошкиот локалитет во струшко, тој кажа дека ископувањето е завршено и затворено. Конзервација на пронајдените предмети прави Заводот и Музеј од Охрид и тие предмети ќе бидат изложени таму.

„Тој проект е капитална инвестиција за Македонија и се надевам дека ќе продолжи проектот од 25-та година натаму“, вели Љутков.

На локалитет во селото Корошишта во струшко, откриени се стотина артефакти од непроценливо значење. Станува збор за монументална гробница, односно два гроба на маж и жена за кои се претпоставува дека потекнуваат од елитата, со оглед на богатите подароци пронајдени во гробот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ