Како што информира Комунална хигиена Скопје, на последната станица на автобусот 45 во населбата Ченто отстранета е обемна дива депонија составена од приближно 25 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и органски отпад.
Подигнати биле 15 кубни метри претежно градежен и кабаст отпад одложен на јавна површина на улицата „Васко Карангелевски“ во општина Аеродром.
„Екипите на претпријатието интервенираа и на неколку локации во општината Карпош, каде се расчистени 10 кубни метри непрописно одложен отпад на паркингот на Спортскиот центар Борис Трајковски, како и две диви депонии лоцирани на улиците Никола Парапунов и Јуриј Гагарин, во непосредна близина на ресторанот Македонска куќа“, се вели во соопштението.