среда, 11 декември 2024

Скопје се дави во ѓубре, се чистеа депонии во Гази Баба, Аеродром и Карпош

Во текот на изминатото деноноќие, Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје расчистила големи количества отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Гази Баба, Аеродром и Карпош.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Комунална хигиена Скопје, на последната станица на автобусот 45 во населбата Ченто отстранета е обемна дива депонија составена од приближно 25 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и органски отпад.

Подигнати биле 15 кубни метри претежно градежен и кабаст отпад одложен на јавна површина на улицата „Васко Карангелевски“ во општина Аеродром.

„Екипите на претпријатието интервенираа и на неколку локации во општината Карпош, каде се расчистени 10 кубни метри непрописно одложен отпад на паркингот на Спортскиот центар Борис Трајковски, како и две диви депонии лоцирани на улиците Никола Парапунов и Јуриј Гагарин, во непосредна близина на ресторанот Македонска куќа“, се вели во соопштението. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ